Демант од Шапуриќ за доделување грант на невладина организација

Скопје, 10 август 2018

Со чиста свест и совест изјавувам дека немам никаква врска со грантот од Министерството за одбрана доделен на невладината организација Мултикултура од Тетово. Изјавувам уште еднаш дека не сум нејзин основач ниту член, а уште помалку дел од органите на управување на оваа невладина организација.

Во време на спроведување на предистражни постапки врз членови на ВМРО ДПМНЕ и нивните коалициони партнери, партијата која го имаше окупирано целокупниот општествен систем и сите државни институции се уште се служи со методи користени во времето на инквизицијата, кога беа обвинувани и осудувани недолжни граѓани без никакви аргументи.

Ширејќи ноторни лаги и невистини ВМРО-ДПМНЕ прави обид за нарушување на мојот личен интегритет и авторитет граден долги години наназад. Во мојата професионална и политичка кариера за разлика од бројни личности од ВМРО-ДПМНЕ сум работел и сеуште работам исклучиво согласно законот и моралните норми. Досега во мојот живот немам добиено ниту прекршочна пријава за сообраќаен или било каков друг прекршок.

И по втор пат наведувам дека ги повикувам сите надлежни органи и институции да го испитаат случајот во најситни детали за да се утврди вистината преку која ќе ја исчистам оваа дамка која ВМРО ДПМНЕ се обидува да ми ја постави.

Иако пред некој ден, преку соопштение јавно укажав дека немам никакво влијание ниту интерес од активностите на доделување на финансиски средства од Министерството за култура, некои новинари и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ упорно го тврдат спротивното.

Од тие причини јас сум приморан правдата да ја барам преку надлежните институции и затоа ја информирам јавноста дека деновиве ќе покренам соодветна судска постапка пред надлежни судови.

Министер без ресор задолжен за подобрување на инвестицискаклима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

                                          

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ