• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Менаџментот на хематологија ги повикува надлежните да извршат увид во работењето и спроведувањето набавки

Скопје, 13 август 2018

Менаџментот и стручниот колегиум на ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија – Скопје најостро ги демантира наводите изнесени на прес конференцијата на политичката партија ВМРО ДПМНЕ, а кои се продолжение на тенденциозниот прилог на електронскиот портал „Економски лидер“, објавен на 10.08., а потпишан од новинарот Љупчо Златев. Сметаме дека е неопходно на соодветен начин да ги преземеме сите мерки и чекори за заштита на пациентите, квалитетот на здравствените услуги во јавното здравство, како и личниот и професионален интегритет на менаџментот и стручниот колегиум на ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија – Скопје.

Во интерес на објективно информирање на јавноста, еве ги фактите:

Прво, вон. проф. д-р. Ирина Пановска Ставридис е именува за в.д. директор на 00 август 2017 година и во досегашниот нејзин мандат, ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија – Скопје, спроведе само една јавна набавка на лекови, бр.09-1005/1 од 11.12.2017 година, за набавка на 211 видови лекови.

Второ, земајќи предвид дека за дел од лековите кои се дел од клиничкатe протоколи за пациентите кои се лекуваат на ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија – Скопје, единствен застапник, увозник и дистрибутер за Република Македонија е токму веледрогеријата „Д-р Пановски“, која со години наназад учествува на јавните повици и склучува договори за јавни набавки со клиниката, вон. проф. д-р. Ирина Пановска Ставридис во согласност со Законот за спречување на судир на интереси, како овластено лице, на 18.09.2017 година до Државната комисија за спречување на корупцијата поднесе Изјава за нејзино изземање од сите постапки за јавни набавки каде како потенцијален понудувач може да се јави оваа веледрогерија. Комисијата на 17.11.2017 година со писмено известување му укажа на менаџментот на клиниката, за вакви случаи да овласти друго лице за спроведување на јавните набавки, како што е и постапено.

Трето, за конкретната јавна набавка на 211 видови лекови, бр. 09-1005/1 од 11.12.2017 година, беше распишан меѓународен јавен повик, кој траеше 90 дена. Дополнително, заради воспоставување највисоки стандарди за отчетност и транспарентност во процесот на спроведување на јавните набавки, согласно член 30, став 1 од Законот за јавни набавки, со својство на надворешни стручни лица кои не се вработени на клиниката, а со делегирана надлежност да го следат и да вршат увид во начинот на кој се реализираат јавните набавки на клиниката, назначени беа претставници на организациите на невладиниот сектор (НВО) кои извршија увид и изготвија соодветен извештај за конкретната јавна набавка.

Конечно, несомнено е дека даночните обврзници имаат целосно право да знаат и во секое време да имаат увид на кој начин и за кои цели се троши секој нивен денар. Ние никогаш ништо не сме криеле, туку напротив, се што е во надлежност на клиниката ставаме не целосен увид на јавноста. Оттука, наместо да се искривуваат фактите, и да се прават обиди за лажно претставување во јавноста дека некој е привилегиран, треба да се земе предвид и податокот дека веледрогеријата „Д-р Пановски“ на конкретната јавната набавка за 211 видови лекови, склучи договор со ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија – Скопје за набавка на 18 лекови од 211 распишани ставки. За останатите видови на лекови ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија – Скопје склучи договори со други понудувачи.

Менаџментот и стручниот колегиум на ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија – Скопје ги повикува сте надлежни државни институции да извршат увид во работењето и спроведувањето на јавните набавки и да ги расчистат сите наводи со кои некој се обидува да печали дневно политички поени нанесувајќи штета на јавното здравство, кое за жал со години беше држено во заложништво од нивните кадри. Ние ќе продолжиме да работиме посветено, заради подигнување на квалитетот на здравствените услуги и понатаму ќе воведуваме највисоки стандарди на лекување и професионално ќе се бориме да ја вратиме довербата на пациентите во јавното здравство. Истовремено, го задржуваме правото за сите тенденциозни напади и изнесени невистини упатени на наша адреса да го заштитиме нашиот углед и чест преку соодветна судска постапка.

ЈЗУ УК за Хематологија

н.в.Проф.Д-р Ирина Пановска – Ставридис ВД Медицински Директор

Дипл.ецц Маја Дерменџиев  Организациски Директор

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Две јапонски сонди слетаа на астероидот Ријугу (видео)

Јапонско вселенско летало „Хајабуса2“ испрати два ...

Која е разликата помеѓу белите и кафените јајца?

Најверојатно сте се запрашале за разликата меѓу ја...

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019...

Во Минхен почна 185. издание на Октоберфест

Во Минхен денеска почнува 185. издание на познатио...

Кање Вест одлучи да го напушти Лос Анџелес

Кање Вест донесе одлука заедно со семејството да с...