• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Царината заплени фалсификати, цигари, додатоци на исхрана и инсектициди

Царината заплени фалсификати, цигари, додатоци на исхрана и инсектициди

Скопје, 20 август 2018 

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани цигари, додатоци на исхраната, инсектициди и фалсификати.


Задржана е следната стока:

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

-3.835 дезодоранси и 3.277 фудбалски топки со ознаки на заштитени трговски марки, откриени во два одвоени случаи, при контрола на два камиони, натоварени со производи со потекло од Турција, наменети за фирми од Косово, пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица.

Во првиот случај, во албански камион биле пронајдени 3.835 дезодоранси, додека во вториот случај, во македонски камион биле пронајдени 3.277 фудбалски топки. Поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, производите се привремено задржани, и согласни законските прописи ќе бидат поведени постапки за утврдување на нивната оригиналност.
- 4.122 пара влечки со ознаки на заштитена трговска марка, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 4. Покрај тоа биле пронајдени и 420 пара патики кои не биле опфатени со царинската декларација. Папучите, за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуалана сопственост, како и непријавените патики се привремено задржани. Согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на оригиналсноста на сомнителните папучи, додека за непријавените патики ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Цигари
- 65 штеки цигари од марките ВЕСТ, БОС, Винстон, Лаки Страјк и Марлборо, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонско комбе управувано од македонски државјанин, пријавени за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените цигари биле пронајдени во специјално подготвено скривалиште во подот на возилото. Возилото и цигарите се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна пријава.

Додатоци на исхраната
- 72 парчиња додатоци на исхраната ПРИМЕД, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на автомобил со бугарски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во три кеси сместени пред и позади предните седишта покриени со фротирка и облека, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна пријава.

Инсектициди
- 9,9 килограми инсектицид од марката МЕТАНАТЕ, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на српски автомобил управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во картонска кутија во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна пријава.

Царинска управа на Република Македонија

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ