• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Адеми на завршна изложба на дела од 13.Меѓународна ликовна колонија „Гостивар-2018“

Адеми на завршна изложба на дела од 13.Меѓународна ликовна колонија „Гостивар-2018“

Скопје, 30 август 2018

Министерот за култура на Република Македонија Асаф Адеми, вчера во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар присуствуваше на завршната изложба на дела од 13-тата Меѓународна ликовна колонија „Гостивар-2018“.

Во рамки на изложбата се претставени 35 дела масло на платно и акрил на платно на уметници од Украина, Косово, Албанија, Јужна Кореа, Босна и Херцеговина, САД, Бугарија, Црна Гора, Турција, Србија, Франција и од Македонија, кои изминатава недела се инспирираа и твореа во гостиварскиот регион. Специјален гостин на годинашното издание на Ликовната колонија во Гостивар која традиционално ја организира Здружението за ликовни уметности „Драудакум“ беше познатиот уметник со македонско потекло и светска кариера, Омер Калеши, кој живее и твори во Франција.

Министерство за култура

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ