• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

МЕР:Ќе бараме мерки против вработениот кој несоодветно се однесувал кон граѓанските здруженија на Водно

Скопје, 30 август 2018 

Почитувани 

Би сакале да Ве информираме дека Акционерското друштво за вршење енергетски дејности МАКЕДОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ Скопје во државна сопственост, од изведувачите на градежните работи на Водно побара да преземат соодветни мерки против вработениот за неговото несоодветно однесување кон претставници на граѓанските здруженија.

Потенцираме дека МЕР АД Скопје, постојано ги следи реакциите на граѓаните и ги презема сите мерки, со цел да не се повторат вакви или слични инциденти при реализација на проектот за гасификација на Република Македонија. 

Исто така, Ве информираме дека, како и досега, МЕР АД Скопје и натаму останува отворен за дебата со граѓанските здруженија и со сите засегнати страни, со цел заеднички да најдеме соодветно решение кое ќе биде во интерес на сите, а кое нема да ја одложи реализацијата на проектот за гасификација на земјата – проект кој е еколошки и кој ќе има сериозен позитивен ефект за животната средина.

МЕР АД Скопје

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ