Во две одделни акции запленети над 1,8 тони албанска марихуана
- понеделник, 20 март 2017 21:04
Тирана, 20 март 2017 (МИА) - Во две одделени акции на грчката и албанската полиција запленети се над 1,8 тони марихуана.
Полицијата од грчкиот град Јанина, во близина на селото Коница денеска запленила 530 килограми марихуана прошверцувана од Албанија.
Дрогата, пакувана во 180 пакетчиња била во возило со грчки регистарски таблички, кое било земено под наем од двајца албански државјани на возраст од 26 и 53 години, кои биле уапсени во акцијата.
Грчките власти соопштија дека дрогата требало да биде траспотирана до Атина.
Претходно, како што јави тиранската телевизија Топ чанел, полицијата од приморскиот град Валона запленила 1.283 килограми марихуана во заливот Бристани, кај Карабурун.
Пакуваната дрога во 47 торби, била оставена на брегот, а која требало со моторен чамец да биде транспортирана во правец на италијанскиот брег. Полицијата трага по лицата кои требало да ја шверцуваат дрогата. вт/ми/21:03
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 22:01 | Отворен 21. Скопје филм фестивал
Со премиера на играниот филм „Година на мајмунот“ по сценарио и режија на Владимир Блажевски и во пр...
- 21:05 | Средба Џафери Ердоган - Поддршка од Турција за интеграција на Македонија во НАТО
Поддршка за интеграцијата на Македонија во НАТО како и за принципиелниот став во однос на употребат...
- 20:50 | Пентагон: Сирија и понатаму може да изведе „ограничени напади“
Пентагон тврди дека иако не постојат знаци дека сириската Влада е подготвена да изведе напад со хеми...
- 20:28 | Косово главна тема на средбата Могерини - Вучиќ
Косово и анализа на напредокот на Србија во европските реформи, кои се оценети како позитивни посебн...
- 19:28 | Захарова: Во Сирија пронајден хлор од Германија и димни бомби од Велика Британија
Контејнери со хлор од Германија и чадни бомби од британскиот град Солсбери пронајдени се во сириска ...