• A-
  • A
  • A+
сабота, 23 јуни 2018, 

За три години од косовското државјанство се откажале 16.410 лица

За три години од косовското државјанство се откажале 16.410 лица

Приштина, 7 декември 2017 (МИА) - Косовските граѓани и понатаму во голем број се откажуваат од државјанството на Косово, со цел да добијат пасоши на некоја западноевропска земја.

Според косовското Министерството за внатрешни работи, за не цели три години од косовското државјанство се откажале 16.410 лица.

- Во 2015 година од косовското државјанство се откажале 5.540 лица, лани 5.871, додека годинава во периодот јануари-октомври 4.999 лица, потврдуваат извори од Министерството.

Најголем број од нив станале државјани на Германија или 14.110, на Австрија - 1.469 и на Норвешка - 260, додека останатите земале државјанство на други земји.

Статистиката на Министертвото потврдува дека во периодот од 2009 година, па заклучно со октомври годинава, од косовско државјанство се откажале 42.822 лица. вт/сп/22:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Познатиот кувар не бил под влијание на дрога кога се самоубил

Познатиот американски кувар Ентони Борден не бил п...

Џони Деп: Го допрев дното

Актерот Џони Деп во интревју за списанието „Ролинг...

Откриена илегална агенција за сурогат мајки во Камбоџа

Полицијата во Камбоџа упаднала во два стана во гла...

Почина Вини Пол Ебот, еден од браќата основачи на Пантера

Вини Пол Ебот, еден од основачите на хеви метал бе...

Дебелеењето нуспојава на Мундијалот

Седењето пред телевизор, пиењето на зашеќерени нап...