• A-
  • A
  • A+
сабота, 23 јуни 2018, 

Премиерот Заев се сретна со младите научници од компанијата „Биоинженеринг“

Премиерот Заев се сретна со младите научници од компанијата „Биоинженеринг“

Скопје, 3 јануари 2018 (МИА) - Премиерот Зоран Заев денеска ги прими во посета биолозите Горан Кунгуловски и Иван Кунгуловски од компанијата „Биоинженеринг“, кои го запознаа со работата на научниот проектот „Персонализирана генетика - секвенционирање на геном и егзом“, кој има за цел да обезбеди научни сознанија за примена во медицината, и тоа во дијагностиката и фармакогенетиката, како и во повеќе други области во превентивната медицина.

Младите биолози Горан и Иван, како што информираат од кабинетот на премиерот, го запознале со тоа дека оваа методологија обезбедува точна и навремена дијагностика, врз основа на која потоа се одредува персонализирана терапија, за разлика од широко прифатените тераписки третмани кои се општи и кои не секогаш и кај секој пациент ги постигнуваат очекуваните ефекти.

Примената на новите технологии во медицина врз основа на генетските информации има сериозни потенцијали во преднаталната медицина, во дијагностиката на најраширените болести со фатални исходи, како и во точната и рана дијагностика на ретките болести.

Премиерот Заев го поздравил ентузијазмот и работата на младите научници, и им порачал колку што може побргу да предложат проект кој ќе ги искористи и кој ќе ги примени нивните искуства во сферата на генетската медицина.   

- Иновативните пристапи, кои се од помош за докторите и пациентите, се во фокусот на оваа влада. Ќе ги поддржиме и одобриме сите иницијативи што претставуваат значаен чекор напред во науката и особено во медицината, истакнал премиерот Заев на средбата со младите научници. аа/нд/20:09

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Познатиот кувар не бил под влијание на дрога кога се самоубил

Познатиот американски кувар Ентони Борден не бил п...

Џони Деп: Го допрев дното

Актерот Џони Деп во интревју за списанието „Ролинг...

Откриена илегална агенција за сурогат мајки во Камбоџа

Полицијата во Камбоџа упаднала во два стана во гла...

Почина Вини Пол Ебот, еден од браќата основачи на Пантера

Вини Пол Ебот, еден од основачите на хеви метал бе...

Дебелеењето нуспојава на Мундијалот

Седењето пред телевизор, пиењето на зашеќерени нап...