• A-
  • A
  • A+
четврток, 19 април 2018, 

Иран ја укинува забраната за Инстаграм и Телеграм

Иран ја укинува забраната за Инстаграм и Телеграм

Техеран, 3 јануари 2017 (МИА) – Иранските власти од 5 јануари ќе ја укинат забраната за користење на социјалните мрежи Телеграм и Инстаграм, воведена привремено за време на антивладините протести, изјави пратеникот Алиреза Рахими, јави ИРНА.

Антивладините протести почнаа на 28 декември во вториот по големина ирански град Машад, првично против зголемување цени, а подоцна се проширија и во други градови. Во судири со полицијата загинаа најмалку 20 луѓе, а повеќе од 450 демонстранти се приведени. зш/20:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ