• A-
  • A
  • A+
среда, 25 април 2018, 

Трамп: Бенон нема ништо со мене, го загуби и разумот

Трамп: Бенон нема ништо со мене, го загуби и разумот

Вашингтон, 3 јануари 2018 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп прекина соработка со својот поранешен главен стратег и близок соработник од времето на претседателската кампања, Стив бенон откако тој го критикуваше синот на Трамп и зетот поради „предавнички“ состанок со Руси.

– Стив Бенон нема ништо со мене ниту со моето претседателство. Кога беше сменет не само што ја загуби работата, туку го загуби и разумот. Стив не ја претставува мојата база, тој е тука само заради самиот себе, нагласува Трамп.

Бенон претходно го опиша состанокот на синот на Трамп со група Русија во Кулата Трамп како „предавнички“ и „непатриотски“ и предупреди дека истрагата за наводниот дослух со Кремљ ќе се фокусира на перење пари.

– Ќе го скршат Дон јуниор како јајце на националната телевизија, наведе Бенон.

Мајкл Волф е автор на книгата „Оган и бес:Во Белата куќа на Трамп“, заснована на повеќе од 200 интервјуа со претседателот, најблиски соработници и членови на администрацијата, а во која ги опишува борбите во Белата куќа дури и тоа дека некои од неговите најблиски соработници изразуваат презир кон него.

Бенон беше шеф на кампањата на Трамп во последните три месеци, а потоа и главен стратег во Белата куќа седум месеци. Доби отказ и се врати на својот ултрадесничарски сајт Брајтбарт њуз.

Бенон наведува во книгата дека синот на Трамп отишол на состанокот откако посредници му ветиле „инкриминирачки материјал“ за Хилари Клинтон.

– Три високи лица од кампањата сметаа дека тоа би била добра идеја да се состанат со странска влада во Кулата Трамп во соба за конференции на 25 кат, без адвокати. Дури и да мислеле дека тоа не е предавство, ниту непатриотско ниту некое лошо ср..ње, а јас мислам дека тоа и беше, требало веднаш да ги повикаат ФБИ, наведува Бенон. зш/20:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ