• A-
  • A
  • A+
сабота, 23 јуни 2018, 

Единаесет земји од Пацифичкиот регион потпишаа нов договор за слободна трговија

 Единаесет земји од Пацифичкиот регион потпишаа нов договор за слободна трговија

Сантјаго, 8 март 2018 (МИА) - Единаесет земји од двете страни на Тихиот Oкеан, во кои што живеат околу 500 милиони лица, денеска во чилеанскиот главен град Сантијаго потпишаа Договор за слободна трговија.

На церемонијата, потписи на Сеопфатниот и прогресивен договор за транспацифичко партнертсво (ЦПТПП)ставија дипломати од Австралија, Брунеи, Виетнам, Јапонија, Канада, Малезија, Мексико, Нов Зеланд, Перу, Сингапур и Чиле.

ЦПТПП претставува е заживување на Транспацифичкиот договор за слободна трговија (ТПП) кој се сметаше за мртов по повлекувањето на САД од него пред една година.

ТПП беше потпишан во 2016 година по долги години преговори. Тој беше лансиран од Вашингтон за време на Администрацијата на Барак Обама. Но, пред да стапи во сила, актуелниот американски претседател Доналд Трамп објави дека неговата земја се повлекува од него, доведувајќи го во опасност амбициозниот договор кој требаше да опфати 40 отсто од светскиот БДП и речиси 25 отсто од меѓународната трговија.

Една година по повлекувањето на САД, Сеопфатниот и прогресивен договор за транспацифичко партнертсво (ЦПТПП) беше потпишан со речиси сите одредби од ТПП, освен делот за интелектуална сопственост што беше вклучен на барање на Вашингтон.

Со Договорот се предвидува укинување на царинските и нецаринските пречки, како и воведување заеднички норми во неколку сектори на активност меѓу овие 11 земји. ир/сп/20:50

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ