• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Ципрас на Твитер: Последните метри се секогаш најтешки

Ципрас на Твитер: Последните метри се секогаш најтешки

Атина, 12 мај 2018 (МИА) - Направени е напредок, но има уште пат да се изоди, напиша грчкиот премиер на Твитер во однос на преговорите за името, објавувајќи фотографии од подготвителниот Самит на партијата на европските социјалисти во Софија, во рамките на Самитот ЕУ-Западен Балкан, на кој присуствуваше и македонскиот премиер, Зоран Заев.

- На Самитот на Партијата на европските социјалисти, лидерите ги поздравија досегашните наши напори за да најдеме заемно прифатливо решение за името. Истакнаа дека само прогресивни лидери би можеле да го постигнат тоа. Им се заблагодарив, признав дека се направени многу чекори на напредок, но има уште пат да се изоди. Последните метри се секогаш најтешки, напиша Алексис Ципрас на официјалниот Твитер профил на премиерот на Грција, во двата твита.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчкиот премиер, заедно со пораките објави и фотографија. На едната е заедно со претседателот на европските социјалисти Сергеј Станишев и македонскиот премиер Зоран Заев, а на другата со лидерите на социјалистичките партии.

Според грчките медиуми, во рамките на состанокот на европските социјалисти, двајцата премиери имале разговор во пресрет на утрешната официјална средба. ср/мд/20:57

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...