• A-
  • A
  • A+
четврток, 21 јуни 2018, 

Францускиот премиер Ле Мер бара Џенерал Електрик да ги отвори ветените работни места во Алстом

Францускиот премиер Ле Мер бара Џенерал Електрик да ги отвори ветените работни места во Алстом

Париз, 14 јуни 2018 (МИА) - Францускиот премиер Бруно ле Мер денеска ја повика американската компанија Џенерал Електрик да го исполни ветувањето за отворање нови работни места во француската енергетска компанија Алстом.

Повикот доаѓа откако Џенерал Електрик не го исполни ветувањето да отвори нови 1.000 работни места во Алстом до крајот на 2018 година. Џенерал Електрик го купи Алстом во 2015 година, а досега отвори само 323 нови работни места, по што директорот Џон Фланери ја информираше француската Влада дека постигнување на договорената бројка веќе не е возможно. цч/13:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.