• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

ССК: Пред да бидат казнети, фирмите да може да ги поправат нерегуларностите (видео)

ССК: Пред да бидат казнети, фирмите да може да ги поправат нерегуларностите (видео)

Скопје, 14 јуни 2018 (МИА) - Сојузот на стопански комори на Македонија бара да се воспостави систем на работа на инспекциските служби со кој ќе им се даде простор на компаниите да ги поправат утврдените нерегуларности, а не веднаш да бидат казнувани.

Според ССК, потребно е да се промени перцепцијата за инспекциските служби и компаниите да не стравуваат дека ќе бидат санкционирани кога ќе дојдат инспектори во контрола. 

- Не се противиме на контролите, но тие не треба да прават само за да се најдат нерегуларности кај компаниите. И ние како компании и инспекциските служби треба да бидеме фокусирани кон тоа доколку се најде одредена нерегуларност, да се даде можност таа да се исправи без притоа компаниите да трпат штети, истакна денеска на прес-конференција потпретседателот на Комората Александар Милошевски, додавајќи дека неиздавањето на фискална сметка не може да се смета за ненамерна грешка на компаниите.

Анализите на ССК за минатата година покажуваат дека најголем проблем при инспекциите е инсистирањето од страна на инспекторите да се најдат нерегуларности во работењето на компаниите.

Најпосетени од инспекторите се микро, малите и средните претпријатија, а најмногу инспекции се извршени во туризмот и угостителството, текстилната индустрија и градежништвото. Најмалку контроли има во ИКТ секторот. Најчесто контроли прават инспекторите на УЈП, Трудовиот и Пазарниот инспекторат.

Од ССК бараат да бидат вклучени и во изготвувањето на Законот за инспекциски надзор. бак/дма/13:38

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...