• A-
  • A
  • A+
понеделник, 15 октомври 2018, 

Раб: Убеден сум дека ќе постигнеме договор со ЕУ

Раб: Убеден сум дека ќе постигнеме договор со ЕУ

Лондон, 24 септември 2018 (МИА) - Британскиот министер задолжен за Брегзит, Доминик Раб денеска изјави дека е убеден оти е остварен напредок и оти на крај ќе биде постигнат договор за излегување на Велика Британија од Европската унија.

- Ги продолжуваме преговорите во добра верба, се обидуваме и ќе го добиеме најдобриот можен договор, иако сме подготвени за сите опции... Убеден сум дека ќе постигнеме договор, посочи Раб.

Британската премиерка Тереза Меј во петокот изјави дека преговорите со ЕУ се во ќор-сокак и апелираше до Брисел да даде свои предлози откако беа одбидени предлозите на Лондон.

Раб истакна дека е важно да не се реагира претерано на „тврдоглавоста“ на Брисел, бидејќи мора да се очекуваат повремени застои во преговорите.

- Мораме да бидеме подготвени за можноста другата страна да не е подготвена да излезе во пресрет на нашата желба во преговорите да се постигне взаемно прифатлив договор и оти за танго се потребни двајца, наведе Раб. ми/11:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Во својата прва улога Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ

Својата прва улога во професионалната кариера Бред...

Њујорк: Шише вино продадено за рекордни 558.000 долари

Шише вино „Romanee-Conti“ од 1945 година е продаде...

Возеше со бебе во автомобилот кога „џиновски град“ и ја скрши шофершајбната

Младата мајка Фиона Симпсон објави фотографии од п...

Со крилја на грб: Бехати Принслу се враќа во Викторија Сикрет

Еден ангел ги поврати своите крилја! По двегодишно...

Почина актерката Милена Дравиќ

Актерката Милена Дравиќ почина ноќеска во Белград ...