• A-
  • A
  • A+
сабота, 23 јуни 2018, 

Семинар за водење бизнис со интегритет-етички менаџмент

Семинар за водење бизнис со интегритет-етички менаџмент

Скопје, 2 март 2016 (МИА) - Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Македонија -Турција (МАТТО), денеска организираат настан со којшто се придружуваат кон активностите на ОЕЦД како едни од најголемите промотори на стандардот – бизнис со интегритет.

Во современиот свет на бизнисот, интегритетот е еден од најбараните квалитети, не само од вработените, туку и од самите компании. Интегритетот се дефинира како квалитет на искреност и доверба, поседување силни морални принципи, морална исправност.

Еден од начините да се одговори на овој предизвик е стандардот SEDEX, кој нуди едноставен и ефективен начин за управување со етички и одговорни практики во синџирот на снабдување.

Своите искуства пред присутните на денешниот семинар ќе ги изнесат и претседателот на Советот на странски инвеститори Штефан Петер и претседателот на МАТТО Туна Ејуп Кахвеџи. ев/сст/07:40

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ