НБРМ и Бирото за образование потпишаа Меморандум за соработка
- четврток, 12 јануари 2017 10:25
Скопје, 12 јануари 2017 (МИА) - Поголема писменост и едукација преку изготвување политики, спроведување истражувања и анализи, преземање заеднички активности за подигање на јавната свест и размена на релевантна експертиза, предвидува Меморандум за соработка што денеска го потшишаа гувернерот на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) Димитар Богов и директорот на Бирото за развој на образованието Весна Хорватовиќ.
Како што соопшти НБРМ, двете институции ќе вршат консултации за стратегиски прашања на национално и меѓународно ниво, ќе подготвуваат наставен и прирачен материјал за основните и средните училишта од областа на финансиската писменост и ќе организираат обуки и други едукативни активности со кои ќе бидат опфатени наставниците и учениците.
- Со овој Меморандум се очекува да се зацврсти соработката меѓу двете институции во областа на финансиската едукација со што ќе се придонесе за зголемување на свеста кај учениците и јакнење на нивните финансиски знаења, како и за нивно идно полесно вклучување во современите текови на финансискиот систем, информира НБРМ. мч/паг/10:24
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 22:01 | Отворен 21. Скопје филм фестивал
Со премиера на играниот филм „Година на мајмунот“ по сценарио и режија на Владимир Блажевски и во пр...
- 21:05 | Средба Џафери Ердоган - Поддршка од Турција за интеграција на Македонија во НАТО
Поддршка за интеграцијата на Македонија во НАТО како и за принципиелниот став во однос на употребат...
- 20:50 | Пентагон: Сирија и понатаму може да изведе „ограничени напади“
Пентагон тврди дека иако не постојат знаци дека сириската Влада е подготвена да изведе напад со хеми...
- 20:28 | Косово главна тема на средбата Могерини - Вучиќ
Косово и анализа на напредокот на Србија во европските реформи, кои се оценети како позитивни посебн...
- 19:28 | Захарова: Во Сирија пронајден хлор од Германија и димни бомби од Велика Британија
Контејнери со хлор од Германија и чадни бомби од британскиот град Солсбери пронајдени се во сириска ...