• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 април 2018, 

Полицијата спречила напад со автомобил-бомба во југоисточна Турција

Полицијата спречила напад со автомобил-бомба во југоисточна Турција

Анкара, 21 април 2017 (МИА) - Турската полиција „неутрализирала“ напаѓач, кој планирал напад со автомолбил-бомба во градот Суруч, во округот Шанлаурфа, во југоисточна Турција, пренесе весникот „Хуриет дејли њуз“.

Полицијата отворила оган врз автомобилот, за кој имало сомненија дека е наполнет со експлозиви, откако возачот одбил да ја послуша наредбата да запре.

Осомничениот напаѓач од автомобилот бил „нетурализиран“, посочи турскиот весник.

Турските власти во своите соопштенија го употребуваат терминот „неутрализиран“ за да посочат дека сомнителното лице е убиено, рането или заробено.

Весникот „Џумхуриет“ пишува дека терористот сакал да изврши напад врз полициската управа во градот.

По инцидентот полицијата презела засилени безбедносни мерки во реонот.

На 20 јули 2015 година во самоубиствен бомбашки напад во Суруч, насочен против млади курдски активисти, беа убиени 34 лица. Турските власти за нападот ја обвинија групата Исламска држава.  сд/ссм/19:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кејт и Вилијам добија син

Кејт, војвотката од Кембриџ, денеска се породи со ...

Џи-Кју ја стави Библијата на листа на „најпреценети книги во светот“

Списанието за машка мода Џи-Кју објави „Листа на н...

Обдукциите не отркиле ништо сомнително околу смртта на ди-џеј Авичи

Обдукциите над телото на шведскиот ди-џеј Тим Берг...

Кејт Мидлтон се пораѓа по трет пат

Сопругата на британскиот принц Вилијам, војвотката...