• A-
  • A
  • A+
вторник, 21 август 2018, 

Европски активисти бранат полска шума качени на дрвја

Европски активисти бранат полска шума качени на дрвја

Варшава, 29 август 2017 (МИА)Активисти за заштита на животната средина се качиле на дрвја во древната полска шума Бјаловешка и ги блокирале машините со цел да ја спречат илегалната сеча, одобрена од полската Влада.

Активистите, како што јавуваат полските медиуми, ја обвинуваат Варшава дека ги игнорира налозите на Европската унија за заштита на една од последните европски шуми.

- Активисти од сите краеви на Европа дојдоа да протестираат против уништување на нашето заедничко наследство  и бараат нејзина заштита, изјави Роберт Циглички, претставник на организацијата за заштита на животната средина „Гринпис“.

Бјаловешката шума е последната европска прашума, која се наоѓа на листата на УНЕСКО, а стана предмет на жесток политички спор откако владејачката полска Партија на правото и правдата наложи нејзина сеча. Според полските власти  сечата на прашумата е неопходна за да се спречи нејзино уништување по наездата на штетни инсекти. 

Европскиот суд на правдата минатиот месец побара од полската Влада да ја запре сечата на прашумата, но властите во Варшава се спротивставија на оваа наредба. гм/гт/16:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Сите „паѓаат“ поради новиот тренд на Инстаграм

Лажните паѓања и тоа на невообичаени места се нова...

Опра со пријателите летува во Дубровник

Една од најпопуларните телевизиски водителки, Опра...

Мерилин Менсон колабираше за време на концерт во Хјустон

Музичарот Мерилин Менсон колабираше за време на ко...

Полицајка од Аргентина надои болно бебе во болницата каде што работи

Полицајка која била на должност во една аргентинск...

Принцот Чарлс може да си го смени името пред да седне на престолот

Принцот Чарлс чека на ред за престолот на Британск...