• A-
  • A
  • A+
сабота, 23 јуни 2018, 

Рудното богатство на Северна Кореја вреди 10.000 милијарди долари

Рудното богатство на Северна Кореја вреди 10.000 милијарди долари

Москва, 13 септември 2017 (МИА) - Северна Кореја лежи на резерви од над 200 минерални руди, чија вредност е проценета на повеќе од 10.000 милијарди долари, објави „Раша тудеј“.

Телевизијата наведува дека не постојат официјални податоци за тоа колкава е точната вредност на севернокорејското рудно богатство, но според груби проценки од почетокот на деценијава, севернокорејските резерви на јаглен, железна руда, цинк, бакар, графит, злато, сребро, магнезит, молибден и многу други метали, вредат меѓу 6.000 и 10.000 милијарди долари.

Нејзината почва, исто така, содржи голем број на метали потребни за да се направат паметни телефони и други технолошки производи.

Севернокорејскиот рударски сектор сега е под целосна забрана на Обединетите нации, откако Пјонгјанг го зголеми бројот на нуклеарните проби и покрај силното противење на меѓународната заедница.

Сепак, рударскиот сектор останува клучен за економијата на Северна Кореја и многу експерти веруваат дека токму со рударството земјата ги покрива своите воени трошоци.

Приватното рударство е нелегално во Северна Кореја и околу 14 отсто од нејзината економија се состои од рударски подземни ресурси, пишува весникот „Кварц“.

Кина е претставена со околу 90 проценти од надворешната трговија на Пјонгјанг, и според дел од експертската јавност официјален Пекинг е заинтересиран да има монопол над одредени делови на извозот од Северна Кореја, посебно во делот на скапоценетите камења, објави неодамна „Њујорк пост“. ссм/гт/17:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Почина Вини Пол Ебот, еден од браќата основачи на Пантера

Вини Пол Ебот, еден од основачите на хеви метал бе...

Дебелеењето нуспојава на Мундијалот

Седењето пред телевизор, пиењето на зашеќерени нап...

На аеродомот во Орландо ќе се скенираат лицата на сите патници

Меѓународниот аеродом во Орландо, кој е најпромете...

Стаорец изел 19.000 долари во бакомат во Индија

Стаорец или повеќе стаорци влегле во банкомат во с...

Таткото на Кејт Спејд починал неколку часа пред нејзиниот погреб

Ерл Броснејн (89), таткото на дизајнерката Кејт Сп...