• A-
  • A
  • A+
сабота, 23 јуни 2018, 

Русите пренаменија паркинг за американските дипломати во пешачки премин

Русите пренаменија паркинг за американските дипломати во пешачки премин

Москва, 13 септември 2017 (МИА) - Москва ги укина привилегиите за паркирање на американските дипломати, така што се бојадисани паркинг местата пред конзулатот на САД и тука е поставен пешачки премин.

Државната телевизија „Русија 24“ објави денеска дека паркинг местата пред американскиот конзулат во Санкт Петербург се бојадисани и на нивно место е поставен пешачки премин, а освен тоа се отстранети и специјалните сообраќајни знаци за паркирање пред конзулатот на САД во Екатеринбург.

Дипломатските односи меѓу САД и Русија се на најниско ниво уште од времето на Студената војна, а во последните месеци уште повеќе заострени со протерувањето на дипломати и затворање на дипломатските мисии.

Портпаролката во амбасадата на САД во москва, марија Олсон одби да ја коментира пренамената на паркинг местата.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделникот изјави дека американските дипломатските мисии во Русија ќе бидат сведени на исто ниво на кое се наоѓаат и руските дипломатски претставништва во САД. гт/18:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Почина Вини Пол Ебот, еден од браќата основачи на Пантера

Вини Пол Ебот, еден од основачите на хеви метал бе...

Дебелеењето нуспојава на Мундијалот

Седењето пред телевизор, пиењето на зашеќерени нап...

На аеродомот во Орландо ќе се скенираат лицата на сите патници

Меѓународниот аеродом во Орландо, кој е најпромете...

Стаорец изел 19.000 долари во бакомат во Индија

Стаорец или повеќе стаорци влегле во банкомат во с...

Таткото на Кејт Спејд починал неколку часа пред нејзиниот погреб

Ерл Броснејн (89), таткото на дизајнерката Кејт Сп...