• A-
  • A
  • A+
среда, 20 јуни 2018, 

ЕУ ќе одвои 1,2 милијарди евра помош за Италија по земјотресите

ЕУ ќе одвои 1,2 милијарди евра помош за Италија по земјотресите

Стразбур, 13 септември 2017 (МИА) - Европската унија ќе одвои 1,2 милијарди евра за Италија за справување со последиците од катастрофалните земјотреси во централниот дел на земјата, се наведува во соопштение од прес-службата на Европскиот парламент.

Во 2016 и 2017 година, во силни земјотреси во областите Абруцо, Лацио, Марке и Умбрија загинаа вкупно 333 лица. Повеќе од 30.000 луѓе беа евакуирани. Земјотресите, исто така, предизвикаа сериозна штета на регионалната економија.

Средствата за Италија ќе бидат исплатени од Фондот за солидарност на ЕУ. Тие ќе бидат наменети за финансирање програми за поправка на оштетената инфраструктура. ссм/зш/18:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...