• A-
  • A
  • A+
понеделник, 18 јуни 2018, 

ЛИ 2017/Давидов:До локален економски развој преку малото стопанство кое е потенцијал

ЛИ 2017/Давидов:До локален економски развој преку малото стопанство кое е потенцијал

Кавадарци, 7 октомври 2017 (МИА) - До локален економски развој преку малото стопанство кое е потенцијал, рече синоќа на митинг Борис Давидов, независен кандидат за градоначалник на Кавадарци. 

- Општината не ја прават улиците и зградите туку ние луѓето самите. Од нас зависат многу работи и затоа најважно е да се средат меѓучовечките односи. Да се почне со екологија на свеста. "Не" за омразата, порача Давидов на градскиот плоштад.

Градот ни е разрушен, додаде, „бидејќи ние сме разрушени одвнатре".

- И што ќе се гради врз такви урнатини. Ги имаме сите ресурси и прекрасни луѓе, на кои секогаш ќе им бидам на располагање. Јас сум човек кој никогаш не се откажува,  нагласи тој.

Осврнувајќи се на проблемите во лозаровинарството, рече дека ќе се залага сите преработувачи на грозје да понудат банкарски гаранции дека ќе го платат родот што го откупуваат.

Давидов посочи и на недоволно организирана администрација која според него слабо се залага за добивање на грантови за развој.

- Ми велат не си од партија, а јас не сум против партиите. Но партиските поделби не водат кон развој и не значи дека нема успех ако локалната не е иста како и централната власт, нагласи тој од пред кавадаречката општина.

Давидов критикуваше бидејќи се уривало тоа што претците го изградиле, парковите биле запустени а манифестацијата „Тиквешки гроздобер" била слаба и со се полош квалитет. Се осврна и на проблемот со кучињата скитници. Рече дека градот е нечист и најави педесет процентно зголемување на платите на комуналните работници.

- Остатокот од животот сакам да му го посветам на мојот град, изјави тој со многу емоции. сд/ац/10:38

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Португалец стигна со велосипед на Мундијалот во Русија

Португалецот Елдер Батиста помина 4.640 километри ...

Бебе родено во париското метро доби 25 години бесплатно возење

Компанијата за градски превоз во Париз соопшти дек...

Сахара ќе биде покриена со зеленило по неколку милениуми

По 15.000 години се очекува Сахара да позелени, ка...

Принцот Чарлс има необичен прекар за Меган Маркл

Принцот Чарлс и неговата снаа Меган Маркл се доста...

По речиси 30 години прикажување, продуцентот открива зошто Симпсонови се жолти

Еден од продуцентите на познатата цртана серија „С...