• A-
  • A
  • A+
среда, 20 јуни 2018, 

Романија бара поактивна улога на НАТО во реонот на Црното Море

Романија бара поактивна улога на НАТО во реонот на Црното Море

Букурешт, 7 окотмври 2017 (МИА) - Романија се залага за поактивна улога на НАТО во реонот на Црното Море, како гаранција за безбедноста на членките на Алијанста од овој регион, изјави денеска романскиот министер за надворешни работи Теодор Малешкану. 

- По незаконската анексија на Крим сведоци сме на натрупување на руските сили и оружје, што доведе до промена на рамнотежата на силите. Во Црното Море постоеше рамнотежа на силите меѓу Русија, Турција, Романија, Бугарија и Украина, но тоа сега повеќе не е така, рече Малешкану во обраќањето на 63-та сесија на Парламнетраното собрание на НАТО, што започна вчера во Букурешт. 

Малешкану оцени дека руските сили кои сега се распоредени во реонот на Црното Море не пратставуваат закана само за овој регион, тука и за Источна Европа, Медитеранот и за Блискиот Исток.  

- Затоа сме загрижени и сакаме поактивна улога на НАТО во гарантирање на безбеднсота на црноморските земји и се надвеме дека тоа и ќе се случи во иднина, додаде шефот на романската дипломатија.

Малешкану истакна и дека Романија би сакала поактивно да се вклучи во гарантирањето на безбедноста на земјите во Црното Море, како дел од структурите на НАТО.

На сесијата на Парламентарното собрание на НАТО, што ќе трае до 9 октомври, учествуваат делегации од повеќе од 50 земји членки на Алијансата, држави партнери и набљудувачи. сп/16:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...