• A-
  • A
  • A+
вторник, 19 јуни 2018, 

Столтенберг: Не сакаме нова Студена војна

Столтенберг: Не сакаме нова Студена војна

Букурешт, 9 октомври 2017 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на денешното затворањето на четиридневната 63. годишна сесија на Парламентарното собрание на Алијансата во Букурешт, изјави дека Организацијата ја смета Русија за „сосед“ и дека не сака „нова Студена војна“. 

НАТО денеска го започнува распоредувањето на нови мултинационални сили во Романија. 

Поради контрола на се поголемото руско присуство во Црното Море, во иницијалната фаза, мал број трупи од десет земји-членки на НАТО, вклучително и Италија и Канада и домаќинот Романија, ќе им се приклучат на силите на САД кои имаат 900 припадници во Романија, а потоа треба да следи распоредување на копнени, воздушни и поморски трупи. 

- Ние сме загрижени од недостатокот на транспарентност (Русија) кога станува збор за воените вежби. Русија е наш сосед, не сакаме да ја изолираме Русија, не сакаме нова Студен војна, нагласи Столтенберг. 

Тој додаде дека Алијансата го зголемила присуството во Црното Море како „одоговор на руската агресија во Украина“.

Претходо, претседателот на Романија, Клаус Јоханис на 63. годишна сесија изјави дека НАТО не сака конфронтација и не е закана за Русија

Тој додаде дека во односите со Русија е неопходна долгорочна стратегија, која вклучува дијалог.

- Нашата цел е мирот, не војната. НАТО не бара конфронтација и не е закана за Русија, посочи Јоханис.

Тој потенцира дека треба да биде засилено присуството на НАТО на источното крило, во најголема мера на југ - во Црно Море.

- НАТО треба да биде засилено повеќе од кога било и Романија ќе направи се, што е во нејзина моќ, за таа цел. Романија е одговорен сојузник и надежен партнер за дијалог, истакна Јоханис. см/ми/12:49

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...