• A-
  • A
  • A+
понеделник, 18 јуни 2018, 

Бугарија ќе го користи претседавањето со ЕУ за нови перспективи за Балканот

Бугарија ќе го користи претседавањето со ЕУ за нови перспективи за Балканот

Софија, 13 октомври 2017 (МИА) - Бугарскиот премиер Бојко Борисов и претставници на Владата во Софија се сретнаа денеска со генералниот секретар на Европската комисија. Александар Италијанер и со шефот на кабинетот на претседателот на Комисијата, Жан Клод Јункер, Мартин Селмајер, при што една од главните теми на разговорите била безбедноста и европската перспектива на земјите од Западниот Балкан.

Како што јави бугарската агенцоја БТА, посетата е во рамките на подготовките за претседавањето на Бугарија со Европскиот совет во првата половина на 2018 година. Бугарија планира конференција за Балканот во Софија во мај 2018 година, со која би претседавал претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Бугарската министерка за регионален развој Лилјана Павлова изјави дека приоритетите на Бугарија ќе вклучуваат да им се даде јасна европска перспектива на граѓаните на државите од Западен Балкан. цч/сп/12:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Португалец стигна со велосипед на Мундијалот во Русија

Португалецот Елдер Батиста помина 4.640 километри ...

Бебе родено во париското метро доби 25 години бесплатно возење

Компанијата за градски превоз во Париз соопшти дек...

Сахара ќе биде покриена со зеленило по неколку милениуми

По 15.000 години се очекува Сахара да позелени, ка...

Принцот Чарлс има необичен прекар за Меган Маркл

Принцот Чарлс и неговата снаа Меган Маркл се доста...

По речиси 30 години прикажување, продуцентот открива зошто Симпсонови се жолти

Еден од продуцентите на познатата цртана серија „С...