• A-
  • A
  • A+
среда, 20 јуни 2018, 

Најавено ново продолжување на вонредната состојба во Турција

Најавено ново продолжување на вонредната состојба во Турција

Анкара, 13 октомври 2017 (МИА) - Турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) соопшти дека претстои ново продолжување на вонредната состојба, воведена во земјата по обидот за преврат.

Според процедурата, одлуката прво ќе биде разгледана на седница на Советот за национална безбедност на Турција, што ќе се одржи до крајот на оваа недела. Се очекува потоа Советот да упати препорака до Кабинетот.

Мерката потоа ќе биде поднесена на гласање во Парламентот.

Турскиот Парламент во јули ја продолжи вонредната состојба во земјата до 19 октомври. Режимот на вонредна состојба и обезбедува на Владата широки овластувања, овозможува управување преку декрети, заобиколувајќи го Парламентот, и дава можност за извршување на масовни апсења и чистки. јт/сп/13:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...