• A-
  • A
  • A+
вторник, 19 јуни 2018, 

Премиерот Заев се сретна со претставници на професорскиот пленум

Премиерот Заев се сретна со претставници на професорскиот пленум

Скопје, 10 ноември 2017 (МИА) - Претседателот на Владата Зоран Заев и министерката за образование и наука, Рената Дескоска, денеска имаа средба со претставници на професорскиот пленум.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на премиерот Заев, претставниците на пленумот ги презентирале решенијата содржани во предлогот на законот за високо образование, изработен од страна на професорите, членови на пленумот.

Премиерот, споделувајќи искуства од примери и модели на високо образование од водечките земји-членки на Европската унија, на средбата, ги охрабрил претставниците на професорскиот пленум да бидат гласни и да продуцираат кредибилни идеи и дебати за подобрување на образованието во Република Македонија, како и да ги одржат силни иницијативите за демократските капацитети на размислување.

Претставниците на професорскиот пленум, како што се наведува, истакнале дека нивниот предлог овозможува реално да се согледаат приоритетите за иднината на високото образование.

Заев ги поздрави заложбите на пленумот за враќање на автономијата на Универзитетот, и се согласи дека тоа треба да биде врвен приоритет кој ќе придонесе кон поквалитетно високо образование, се посочува во соопштението. ев/мд/20:20

###

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...