• A-
  • A
  • A+
петок, 20 април 2018, 

Федерацијата на фармери одбележува 15 години постоење

Федерацијата на фармери одбележува 15 години постоење

Скопје, 15 ноември 2017 (МИА) - Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ) денеска го одбележува јубилејот, 15 години постоење.

ФФРМ е основана во Кавадарци, каде се одржа и првото конститутивно собрание во јули 2002 година. Прво беше наречена Федерација на македонските фармери (ФМФ) и со неа раководеше претседателот Петко Златев.

Како структурен модел во 2004 година го зема примерот на шведските фармери и нивното организирање преку склучување договор за соработка со Шведската федерација на фармерите (ЛРФ).

Шведската агенција за развој (Sida) го препозна значењето на формирање ваква организација и заедно со ЛРФ во последните 10 години силно ја поддржува во исполнувањето на нејзината мисија и визија, како финансиски, така и со техничка поддршка, а најмногу преку размена на искуства.

Соработката продолжува преку Шведскиот кооперативн центар We Effect каде изминатите три години се работеше на голем број теренски посети, активности за обединување, едуцирање и лобирање за земјоделците, со посебен фокус на малите земјоделци, јакнење и развој на земјоделските кооперативи и економско јакнење, како и поголемо вклучување на жените фармери во одлучувачките структури на организацијата и креирањето на земјоделскта политика. Со оваа подршка првпат е истакнат и проблемот со руралната сиромаштија во РМ. мч/са/07:46

###

          

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ