• A-
  • A
  • A+
петок, 20 април 2018, 

Јубилеен концерт во чест на композиторот Драгослав Ортаков

Јубилеен концерт во чест на композиторот Драгослав Ортаков

Скопје, 15 ноември 2017 (МИА) - Професори и студенти од Факултетот за музичка уметност-Скопје вечер од 20 часот на ФМУ ќе одржат јубилен концерт по повод 90 години од раѓањето и 10 години од смртта на музикологот и композитор проф. д-р Драгослав Ортаков (1928-2007).

На концертот, кој е во рамки на манифестацијата Есенски музички свечености, ќе бидат презентирани неколку дела од композиторскиот опус на Ортаков.

Тој е еден од основачите и професор на првата музичка високошколска установа во Македонија - Факултетот за музичка уметност во Скопје, на кој бил и декан од 1973 до 1975 година. Основач е на Музиколошкиот оддел на ФМУ во 1977 и втемелувач на музикологијата и на музичката византологија во Македонија. Ортаков е првиот магистер и прв доктор по музикологија во Македонија.

- Сестраниот ангажман и инкорпорираност на Ортаков се одразува во повеќе сегменти на македонската музика и културно живеење воопшто, преку еден плоден животен и работен век, кој сведочи за неговиот оригинален уметнички и научен лик во македонскиот  духовен простор, соопшти Дирекцијата за култура и уметност-Скопје која ги организира Есенските музички свечености. хс/са/07:45

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ