• A-
  • A
  • A+
петок, 20 април 2018, 

Промоција на две книги од унгарски автори во „Матица“

Промоција на две книги од унгарски автори во „Матица“

Скопје, 15 ноември 2017 (МИА) - Две книги од унгарски автори ќе бидат промовирани вечер од 19 часот во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во организација на Унгарската амбасада и издавачката куќа „Матица македонска“.

Ќе бидат промовирани книгите „Ако животот е сон“ од Јанош Арањ, објавена по повод 200-годишнината од раѓањето на авторот, и „Десет унгарски поети на дваесеттиот век“ во избор и препев на Паскал Гилевски.

Како што соопшти „Матица“, на промоцијата ќе се обрати унгарскиот амбасадор во Македонија Ласло Дукс, а книгите ќе ги промовира писателот Раде Силјан.

Стихови на унгарски и на македонски јазик ќе читаат членови на Здружението на Унгарците во Македонија „Теледом“ од Скопје. хс/са/07:45

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ