• A-
  • A
  • A+
петок, 20 април 2018, 

Војници ја зазедоа зимбабвиската државна телевизија, експлозии во центарот на Хараре (видео)

Војници ја зазедоа зимбабвиската државна телевизија, експлозии во центарот на Хараре (видео)

Хараре, 15 ноември 2017 (МИА) - Војници рано изутринава го зазедоа седиштето на зимбабвиската државна телевизија Зе Би Си, соопштија двајца вработени во медиумот.

Според западните медиуми, неколку силни експлозии одекнале во центарот на главниот град Хараре, по што војници биле распоредени на улиците низ градот и ја заземале државната телевизија. Кон неколкумина медиумски работници била употребена сила, но им било соопштено да не се вознемируваат, бидејќи војниците се таму за да ја чуваат телевизијата.

Случувањата ги зајакнуваат шпекулациите за државен удар врз 93-годишниот претседател Роберт Мугабе.

Засега не е познато која е причината за експлозиите.

Американската амбасада во Зимбабве соопшти дека денеска ќе биде затворена, а на својот персонал и своите државјани во земјата им порача да останат во своите домови поради политичката нестабилност. гт/03:07

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ