• A-
  • A
  • A+
петок, 20 април 2018, 

Два умерени земјотреса ја погодија Јужна Кореја

Два умерени земјотреса ја погодија Јужна Кореја

Сеул, 15 ноември 2017 (МИА) - Серија земјотреси денеска го погодија јужнокорејскиот град Поханг, соопшти Корејската метеоролошка управа.

Првиот потрес со интензитет од 5,5 степени бил со епицентар во реонот на градот, а вториот бил со јачина од 5,4 степени според Рихтерова скала.

Земјотресите биле почувствувани и во главниот град Сеул, кој се наоѓа на неколку стотици километри од Поханг. јт/гт/07:43

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.