• A-
  • A
  • A+
петок, 20 април 2018, 

Кина ќе испрати специјален претставник во Северна Кореја

Кина ќе испрати специјален претставник во Северна Кореја

Пекинг, 15 ноември 2017 (МИА) – Кина в петок ќе испрати во Севeрна Кореја специјален претставник на претседателот Си Џинпинг, јави Синхуа.

Сонг Тао, висок претставник од Бирото за меѓународни односи во Комунистичката партија, ќе има задача да го информира Пјонгјанг за ситуацијата поврзана со партискиот конгрес на кој Си беше реизбран за шеф на државата.

Испраќањето специјален претставник се случува во момент на влошени односи меѓу Пекинг и Пјонгјанг поради севернокорејската нуклеарна и балистичка програма.

Пекинг е главен дипломатски и економски сојузник на Северна Кореја и поддржа неколку серии меѓународни санкции против Пјонгјанг. јт/гт/08:13

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.