• A-
  • A
  • A+
понеделник, 28 мај 2018, 

Новинарот Чарли Роуз најново име на списокот обвинети за сексуално малтретирање

Новинарот Чарли Роуз најново име на списокот обвинети за сексуално малтретирање

Вашингтон, 21 ноември 2017 (МИА) - Чарли Роуз, водечки новинар на американската телевизија Си-Би-Ес, беше обвинет вчера на страниците на „Вашингтон пост“ од страна на повеќе жени кои тврдат дека сексуално ги малтретирал. 

Телевизијата веднаш го суспендираше Роуз и најави истрага, а јавната телевизија Пи-Би-Ес и Блумберг соопштија дека ја прекинуваат соработката со него.

Роуз (75) е обвинет дека малтретирал помлади жени кои работеле или сакале да работат на неговата политичка емисија.

Во разни случаи тој се разголувал пред жените, ги допирал без дозвола и ги канел на службени патувања со него при што им излегувал гол од под туш.

Роуз е најновиот во серијата американски актери, политичари и новинари кои се обвинети за сексуално малтретирање. цч/сп/08:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ