• A-
  • A
  • A+
понеделник, 28 мај 2018, 

Најстудено во Битола минус осум степени

Најстудено во Битола минус осум степени

Скопје, 21 ноември 2017 (МИА) - Најниска температура од минус осум степени утрово се измерени во Битола, минус шест се измерени во Маврово и Лазарополе, минус пет во Крушево, минус четири во Крива Паланка, Охрид и Берово, минус три во Претор и Прилеп, минус два Ѓуриште, Пожаране, Тополчани, Тетово и Струмица, минус еден во Куманово и Демир Капија, а нула степени во Штип, Скопје, Гевгелија и Виница.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето во Македонија утрово е сончево и студено со мала облачност во западните делови. Понекаде дува слаб променлив ветер.

Во наредните денови следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст, па веќе во четврток дневната температура ќе достигне 18 степени во југоисточните делови, велат од УХМР. дма/ев/08:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.