• A-
  • A
  • A+
понеделник, 28 мај 2018, 

Кондовец физички ја нападнат сопругата и го зел осумгодишниот син

Кондовец физички ја нападнат сопругата и го зел осумгодишниот син

Скопје, 23 ноември 2017 (МИА) - Триесет и тригодишна жителка на Кондово вчера пријавила во полицијата дека била физички нападната од нејзиниот сопруг при што се здобила со повреди.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во 19,30 часот М.С.(33) пријавила дека околу  14,00 часот во нејзиниот дом во село Кондово од страна на нејзиниот сопруг С.А.(36) била физички нападната, при што ја влечел за коса и ја удирал со раце по главата, лицето и телото. Потоа С.А. го зел нивниот осумгодишен син и излегол од домот, а М.С. изгубила свест и нејзините две малолетни деца побарале помош од соседите по што била повикана Итна медицинска помош. Таа била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување лекарска помош.

Се работи на целосно расчистување на случајот.скс/са/13:57

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ