• A-
  • A
  • A+
понеделник, 28 мај 2018, 

Штрајк на вработените во Амазон во Италија и Германија

Штрајк на вработените во Амазон во Италија и Германија

Берлин, 24 ноември 2017 (МИА) – Стотици врабтотени во дистрибутивните центри на Амазон во Италија и Германија денеска се во штрајк за време на најпрометниот трговски ден во годината, познат како „Црн петок“.

Работниците бараат повисоки плати од американскиот гигант за онјалн трговија.

Само во Германија повеќе од 2.500 луѓе се во штрајк во дистрибутивните центри во Бад Херсфелд, Лајпциг, Рајнберг и Вернеу.

- Вработените се соочени со голем притисок во што покусо временски рок да извршат повеќе работа, и се под постојани контроли и надзор, изјави Штефани Нуцбергер.

Во Пјаченца на север во Италија поколу 500 вработени се во штрајк барајќи „пристојни плати“. Тие излегоа пред своите работни места, држејќи транспаренти на кои пишува „Штрајкувачки петок“.

Штрајкот во Германија треба да заврши утре. ссм/зш/15:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ