• A-
  • A
  • A+
понеделник, 28 мај 2018, 

Успешна операција врз бразилскиот претседател Темер

Успешна операција врз бразилскиот претседател Темер

Сао Паоло, 25 ноември 2017 (МИА) - Лекари во Сао Паоло успешно извршиле зафат врз бразилскиот претседател Мишел Темер, вградувајќи му стент на три артерии.

Според телевизијата Глобо, претседателот Темер (77) ќе остане хоспитализиран уште неколку дена по зафатот, како и за да се следи состојбата со простата, што ја оперираше во октомври.

Темер планираше да го изврши зафатот за да ги отстрани проблемите со срцевите артерии уште во октомври, но мораше да го одложи тоа поради парламентарните постапки против него поради корупција. Обвиненијата против Темер беа отфрлени во Парламентот. цч/ 10:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.