• A-
  • A
  • A+
четврток, 21 јуни 2018, 

Анкара: Меркел вети дека ќе влијае за забрзување на помошта на ЕУ за Турција

Анкара: Меркел вети дека ќе влијае за забрзување на помошта на ЕУ за Турција

Анкара, 30 ноември 2017 (МИА) - Германската канцеларка Ангела Меркел во телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вети дека ќе работи на забрзување на трансферот на финансиска помош, која ЕУ и ја вети на Турција во рамките на договорот за мигрантите, соопшти Кабинетот на шефот на турската држава.

Ердоган и Меркел исто така се договориле и да се забрза подобрувањето на билатерланите односи откако ќе биде формирана нова германска Влада.

Како што јави претходно МИА, Европскиот совет денеска реши да ги намали средствата од претпристапните фондови за Турција за 105 милиони евра. јт/сп/18:44

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.