• A-
  • A
  • A+
понеделник, 28 мај 2018, 

Истрелани ракети од Појасот Газа кон Израел

Истрелани ракети од Појасот Газа кон Израел

Ерусалим, 7 декември 2017 (МИА) - Израелска телефонска апликација која предупреди за ракетни напади објави дека неколку проектили од Појасот Газа биле истрелани врз неколку локации во Израел. 

Сигналите за известување за ракетен оган беа активирани денеска на две места во Израел, соопшти израелската армија.

Станува збор за јужните реони Хоф Ашкелон и Шаар ха Негев. По проверката на сигналите, израелската армија соопшти дека две ракети, истрелани од Појасот Газа, не стигнале до израелската територија.

Ракетниот оган е во контекст на регионалните тензии поради признавањето на Ерусалим за престолнина на Израел од страна на американскиот претседател Доналд Трамп. паг/зш/19:05

###

    

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.