• A-
  • A
  • A+
понеделник, 28 мај 2018, 

Макрон: Ирак овој месец објавува „целосно ослободување" од Исламската држава

Макрон: Ирак овој месец објавува „целосно ослободување" од Исламската држава

Доха, 7 декември 2017 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Ирак ќе објави „целосно ослободување" од џихадистичката група Исламска држава до крајот на декември.

Тој ја соопшти оваа прогноза на заедничката прес-конференција со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал- Тани, за време на официјалната посета на Доха.

- Ќе дојде до ослободување пред крајот на годината и ние, се надевам, ќе постигнеме воена победа во ирачко- сириската зона, изјави тој за новинарите.

Тој ги даде овие коментари откако ги посети американските воздушни сили Ал-Удеид во Катар, каде што се состана со францускиот контингент и разговараше со американската воена команда.

Ал-Удеид, најголемата американска воздухопловна база во регионот, игра клучна улога во борбата на САД против  Исламската држава и место од каде што се даваат наредби за воздушните кампањи против џихадистите.

Исламската држава претрпе серија воени порази во Сирија и Ирак оваа година.

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека неговата воздушна кампања против Исламската држава е завршена во Сирија и дека земјата е целосно ослободена од радикалната група. ир/20:27

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ