• A-
  • A
  • A+
недела, 22 јули 2018, 

Силен земјотрес го погоди западниот дел на Иран

Силен земјотрес го погоди западниот дел на Иран

Техеран, 11 декември 2017  (МИА) - Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала, денеска го погоди западниот дел на Иран. 

Епицентарот на земјотресот бил во близина на Егзела, но тој се почувствувал и во Карманшаху. 

Засега нема податоци за предизвикани материјални штети или жртви.

Како што јави МИА, минатиот месец истиот регион го погоди земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа најмалку 530 лица. см/сп/17:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.