• A-
  • A
  • A+
сабота, 23 јуни 2018, 

Австрија ќе ја укине целосната забрана за пуштење во угостителски објекти

Австрија ќе ја укине целосната забрана за пуштење во угостителски објекти

Виена, 11 декември 2017 (МИА) - Коалициските партнери во новата австриска Влада што треба да биде формирана до 20 декември, Австриската народна партија (ОВП) и Партијата на слободата на Австрија (ФПО), денеска ги потврдија нивните намери за „укинување на апсолутната забрана за пушење во угостителските објекти“. 

Новата верзија на забраната треба да стапи во сила во мај следната година, а со неа посетителите на растораните и кафулињата ќе можат да пушат во делови од објектите, што ќе бидат наменети за таа цел. 

За лицата помлади од 18 години се уште ќе важи забраната за пушење на јавни места и ним нема да биде дозволено присуство во деловите каде ќе се пуши. 

ОВП и ФПО ќе го усвојат т.н. „Берлински модел“, според кој, во принцип пушењето е забрането со исклучок на специјално одредени и целосно одделени простории, кои се служат само пијалаци и се помали од 75 метри квадратни. 

Одлуката наиде на остри критики од страна на лекарите и противниците на пушењето цигари. см/сп/18:56

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Познатиот кувар не бил под влијание на дрога кога се самоубил

Познатиот американски кувар Ентони Борден не бил п...

Џони Деп: Го допрев дното

Актерот Џони Деп во интревју за списанието „Ролинг...

Откриена илегална агенција за сурогат мајки во Камбоџа

Полицијата во Камбоџа упаднала во два стана во гла...

Почина Вини Пол Ебот, еден од браќата основачи на Пантера

Вини Пол Ебот, еден од основачите на хеви метал бе...

Дебелеењето нуспојава на Мундијалот

Седењето пред телевизор, пиењето на зашеќерени нап...