• A-
  • A
  • A+
сабота, 23 јуни 2018, 

Пентагон скептичен кон најавата за повлекување на руските војници од Сирија

Пентагон скептичен кон најавата за повлекување на руските војници од Сирија

Вашингтон, 11 декември 2017 (МИА) - Американското Министерство за одбрана денеска изрази сомнеж во најавата на Русија за повлекување на значителен дел од своите војници од Сирија.

- Најавите на Русија за повлекување на војниците честопати не одговараат на постапките и не претставуваат приоритетит на САД во Сирија. Меѓународната коалиција ќе продолжи да дејствува во Срија и да им укажува помош на локалните сили, изјави претставник на американскиот Пентагон.

Владимир Путин денеска допатува во ненејавена посети на Сирија и по средбата со сирискиот претседател Башар ал Асад во руската воена база „Хмејмим“ најави дека најголем дел од руските сили ќе се повлечат од земјата, откако заедно со сириската армија ја поразиле групата Исламска држава (ИД).

Владимир Путин

 

- Им издадов наредба на министерот за одбрана и началникот на Генералштабот да почнат со повлекување на руските сили. За нешто повеќе од две години, руските вооружени сили заедно со сириската армија ја уништија најспособната воена група меѓународни терористи. Во врска со тоа, донесов решение: Значителен дел од рускиот воен контингент во Сириската Арапска Република се враќа дома во Русија, истакна Путин.

Рускиот претседател оцени дека е „завршена во борбата против вооружените бандити во Сирија“ и дека во земјата се создадени услови за политичко решение под покровителство на Обединетите нации.  цч/сп/19:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Познатиот кувар не бил под влијание на дрога кога се самоубил

Познатиот американски кувар Ентони Борден не бил п...

Џони Деп: Го допрев дното

Актерот Џони Деп во интревју за списанието „Ролинг...

Откриена илегална агенција за сурогат мајки во Камбоџа

Полицијата во Камбоџа упаднала во два стана во гла...

Почина Вини Пол Ебот, еден од браќата основачи на Пантера

Вини Пол Ебот, еден од основачите на хеви метал бе...

Дебелеењето нуспојава на Мундијалот

Седењето пред телевизор, пиењето на зашеќерени нап...