• A-
  • A
  • A+
сабота, 23 јуни 2018, 

Во Израел можно олеснување на условите за изрекување смртна казна

Во Израел можно олеснување на условите за изрекување смртна казна

Ерусалим, 3 јануари 2018 (МИА) – Израелските пратеници денеска дадоа прелиминарна поддршка за прелог законот врз основа на кој ќе се олесни воени судови да осудат на смрт терористи што извршиле убиство.

Педесет и два члена на Кнесетот гласаа за предлог законот поднесен од министерот за одбрана Авигдор Либерман, додека 49 беа против.

Според сегашниот закон, израелските воени судови имаат овластувања за смртна казна под услов одлуката на Судскиот совет да биде едногласна. Врз основа на тој закон ќе се ублажат критериумите односно ќе биде доволно само мнозинство за таква пресуда. Освен тоа, и цивилни судови ќе имаат надлежност за такви предмети.

Претстои законот да мине уште три читања пред да биде усвоен. зш/17:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ