• A-
  • A
  • A+
сабота, 23 јуни 2018, 

Евростат: Според куповната моќ, Бугарите и Хрватите зад сите во ЕУ

Евростат: Според куповната моќ, Бугарите и Хрватите зад сите во ЕУ

Брисел, 3 јануари 2018 (МИА) – Според податоци на Евростат, Бугарите и Хрватите со куповната моќ заостануваат зад најголем дел од членките на Европската унија.

Хрватска е на претпоследното место според потрошувачка по жител, која сега изнесува 59 отсто од просекот во ЕУ. Според нив, само Бугарија е послаба од Хрватска.

Хрватска за првпат е претекната од Романија во која потрошувачката е 61 отсто од европскиот просек, наведуваат хрватски медиуми.

Турција во раст на животен стандард надминала веќе четири членки на Унијата и речиси сите држави од ЈИЕ. Просечен Турчин со потошувачка која е 64 отсто од просекот во ЕУ, има поголема куповна моќ од жителите на Хрватска, Унгарија, Романија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Македонија, БиХ, Албанија...

Евростат податоците ги базира врз потрошувачка кошничка на исти стоки во различни држави. зш/17:43

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Познатиот кувар не бил под влијание на дрога кога се самоубил

Познатиот американски кувар Ентони Борден не бил п...

Џони Деп: Го допрев дното

Актерот Џони Деп во интревју за списанието „Ролинг...

Откриена илегална агенција за сурогат мајки во Камбоџа

Полицијата во Камбоџа упаднала во два стана во гла...

Почина Вини Пол Ебот, еден од браќата основачи на Пантера

Вини Пол Ебот, еден од основачите на хеви метал бе...

Дебелеењето нуспојава на Мундијалот

Седењето пред телевизор, пиењето на зашеќерени нап...