• A-
  • A
  • A+
четврток, 19 април 2018, 

Исланд донесе закон за еднакви плати на мажите и жените

Исланд донесе закон за еднакви плати на мажите и жените

Рејкјавик, 3 јануари 2018 (МИА) – Исланд први во светот донесоа закон според кој компаниите се обврзни за иста работа еднакво да плаќаат мажи и жени и дека отсега ќе биде илегално мажите да бидат платени повеќе од жените.

Бројни поитичари и борци за човекови права сметаат дека Исланд треба да го следат и други држави.

Од 1 јаннуари фирмите и владини агенции со повеќе од 25 вработени ќе мора да поседуваат сертификат од владата за политика за еднакви плати за жени имажи.

Тие што нема да ги почитуваат тие мерки ќе мора да платат казни. Потегот е дел од настојувањата до 2022 да се искорени нееднаквоста меѓу половите кога се во прашање платите.

Слични прописи имаат Швајцарија и американската сојузна држава Мичиген, но Исланд први во светот тоа правило го озконија и го прогласија за обврзно. Законот го поддржаа сите парламентарни партии. зш/18:04

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Претседателот на Уганда сака да го забрани оралниот секс

Претседателот на Уганда, Јовери Мусевени изјави де...

Ресторан кој и оние без пари не ги остава гладни

Доколку сте гладни, а немате пари, тука секогаш мо...

Прва кино проекција во Саудиска Арабија по 35 години

Во Саудиска Арабија, првпат по 35 години, граѓанит...

Пронајдена подморницата со која, наводно, Хитлер побегнал во Јужна Америка (видео)

Германската подморница со која, според теоретичари...

Идрис Елба во нова комедија на Нетфликс

Нетфликс го ангажираше комичарот Идрис Елба за сво...