• A-
  • A
  • A+
среда, 25 април 2018, 

Пронајдено оружје во Кичево

Пронајдено оружје во Кичево

Скопје, 13 јануари 2018 (МИА) - Полицијата во Кичево пронајде оружје во автомобил при претрес на домот на лицето С.Ѓ. (49).  

МВР соопшти дека по наредба од Основен суд–Кичево, полициски службеници на 11 овој месец извршиле претрес во домот на С.Ѓ. (49) во Кичево. При претресот бил забележан неговиот син Ј.Ѓ. како во патничко моторно возило „Чироки“ со кичевски регистарки ознаки става огнено оружје.

Полициските службеници извршиле преглед во возилото, при што се пронајдени и одземени три пиштоли, една автоматска пушка, една полуавтоматска пушка, ловна и воздушна пушка, рачна бомба, една граната за светлосен сигнал, една звучна граната, топовски удар, повеќе рамки за автоматска и пиштолска муниција и околу 270 парчиња пиштолска и автоматска муниција.

Ј.Ѓ. е лишен од слобода и однесен во Полициската станица во Кичево, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. рф/мд/12:40

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ