Москва: Излегувањето на САД од договорот со Иран ќе наштети на системот за неширење на нуклеарно оружје
- сабота, 13 јануари 2018 12:56
Москва, 13 јануари 2018 (МИА) - Евентуалното излегување на САД од нуклеарниот договор со Иран ќе нанесе штета врз режимот на неширење на нуклеарното оружје, посочи денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
Трамп синоќа изјави дека ќе го продолжи замрзнувањето на санкциите против Иран за последен пат, за да им даде можност на Вашингтон и неговите европски сојузници да ги поправат „ужасните дефекти" на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година преку дополнителен договор.
- Перспективите за излегувањето на САД од договорот за Иран ќе нанесат многу сериозен удар врз системот за меѓународно преговарање и зајакнување на режимот за неширење на нуклеарно оружје, изјави Рјабков. ссм/12:56
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 21:06 | Најмалку 18 загинати во поплавите во Руанда
Најмалку 18 лица загинаа во одроните и поплавите по обилните дождови во Руанда, соопшти денеска Влад...
- 20:59 | Робертсон во интервју за МИА: Вистински патриотизам е да се направи она што е најдобро за идните генерации
Како ноќ и ден, ја оцени состојбата во Македонија поранешниот генерален секретар на НАТО Лорд Џорџ Р...
- 20:15 | Грчкото МНР го повикува Хан да не дава погрешна слика за разговорите за името
Грчкото Министерство за надворешни работи (МНР), попладнево преку соопштение реагираше на изјавата н...
- 20:08 | Средба на премиерите на Бугарија, Романија, Грција со српскиот претседател
Премиерите на Романија, Бугарија и Грција, како и претседателот на Србија, денеска учествуваа на сос...
- 19:51 | Трамп и Макрон разговараа за Иран, Северна Кореја, Сирија
Се надевам дека ќе можеме да соработуваме многу отворено и чесно со Северна Кореја. Започнав процес ...